5 Начини да имате прекрасен
пролетен распуст дома
Сакате да се забавувате (многу) повеќе локално годинава? Ние ги имаме идеите што ви требаат за одмор дома.
Кому му требаат гужви и забави на плажа и супер гласни клубови? Овој пролетен распуст можете повторно да ги создадете сите најдобри традиции и да бидете онолку немирни (или релаксирани) колку што сакате во удобноста на вашиот дом. Сè што ви треба е малку фантазија и мала помош од Galaxy S21.
ДССП: Донеси си своја плажа
Лесно е дома да се создаде атмосфера како покрај океан. Ако имате базен, подготвени сте. Ако немате, мало пластично базенче за деца, прскалка за во двор или мирно езеро исто така вршат работа. Употребете го вашиот S21 да направите исончани селфи или да ја дочитате „жешката“ е-книга. Исто така, S21 е IP68 водоотпорен, така што ќе ги издржи повеќето водени лудории и забави.¹
¹Galaxy S21 5G, S21+ 5G и S21 Ultra 5G се рангирани како IP68. Базирано на услови за тестирање за потопување во слатка вода до 1,5 метри во траење до 30 минути. Не се препорачува користење на плажа, во базен или во вода со сапуница.
Направете си своја клупска сцена
Во овој клуб, нема долги редици или испотени странци, а диџејот-супер ѕвезда си ти. Стримувај ритмови од твојот телефон додека ги практикуваш движењата за на TikTok или додека танцуваш со семејството. Бараш нешто помалку интензивно? Биди домаќин на сопствената „забава со пена“ односно, купка со свеќи со мирис на кокос и тропски звуци.
Пробајте ја локалната кујна
Кога патувате, дефинитивно пробувате нови ресторани и локални специјалитети. Зошто да се промени тоа за вашиот распуст дома? Експериментирајте со свежи рецепти. Користете го вашиот S21 за да нарачате да ви донесат храна од тоа ново место кое сакавте да го пробате. Или пак земете го вашето омилено јадење од вообичаеното место. Тоа не е „здодевно“, тоа е 100% гарантирано задоволство.
Забавувајте се со цел
Пролетниот распуст не е само да се добие убав тен. Патување со цел за услуга се појави како одлична алтернатива на традиционалното патување. Дури и да не можете да патувате, сепак можете да ги донирате средствата на групи на кои им требаат. Поставете повторливи донации на вашиот телефон. Волонтирајте во банка за храна. Понекогаш најдобриот начин на кој можеме да се забавуваме е да им помогнеме на другите.
Повторно живејте ги минатите патувања и доживејте возбуда за идните
Додека сте на одмор дома, вие и вашите пријатели можете да помислите дека ви недостасува вистинска средба. Во тој случај, соберете се за виртуелно дружење. Направете супер видео компилација од сите ваши авантури на патување користејќи ги функциите за видео уредување на Galaxy S21 Ultra. Нека летнат сеќавањата и незгодните моменти—и започнете листа на дестинации од соништата за пролетниот распуст идната година. Ќе биде возбудливо.