-
Пролетна градина (1884)
Автор и земја на потекло: Винсент Ван Гог, Холандија
Последен пат е видено: во Холандија
Додека живеел со своите родители, Ван Гог го насликал овој поглед на градината која се наоѓала зад свештеничката куќа на татко му, во март 1884 година. Според стилот и боите се смета дека ова е едно од неговите најрани дела. Во далечината се гледа старата црква, жена облечена во црно која се оддалечува и свртува назад, гледајќи кон куќата. Свештеничката куќа и градината сè уште постојат во Нуенен, Холандија, но сликата е исчезната. Таа беше украдена на 30 март 2020 година, на 167-от роденден на Ван Гог, за време на провална кражба во музејот. Сè уште се води за исчезната, но сепак постои надеж дека ќе се врати, исто како и многу други такви дела.
-
Портрет на др. Гаше (1884)
Винсент Ван Гог, Холандија
Последен пат е видено во: САД
„Портрет на др. Гаше“ е едно од најпознатите дела на Ван Гог. Откако претрпел нервен слом и си го отсекол увото, Ван Гог се пријавил во психијатриската болница каде што работел др. Гаше. На почетокот, Ван Гог не бил близок со Гаше, но подоцна го сменил мислењето: „Најдов вистински пријател во др. Гаше...толку многу си личиме и физички и ментално.“ Тоа се гледа и од портретот, докторот има некоја сличност со сликарот.
На 15 мај 1990 година, јапонскиот бизнисмен Рои Саито го купил делото за 82,5 милиони долари, а подоцна сакал да го кремираат заедно со него кога ќе почине. Денес се верува дека делото се наоѓа во приватна колекција во Швајцарија, но добриот доктор го нема уште од 1990 година.
-
Сликарот на пат кон работа
Винсент Ван Гог, Холандија
Последен пат е видено во: Германија
Ова дело на Ван Гог, масло на платно од 1888 година, кое веројатно е автопортрет од времето кога живеел во Арл, ја покажува техниката по која е најпознат: густи импасто нанесувања, дебели слоеви боја, кои се речиси скулпторски. Се смета дека случајно било уништено за време на бомбардирањето на сојузниците во текот на Втората светска војна, додека се наоѓало во Музејот на цар Фридрих во Магдебург, Германија.
Делата на Ван Гог биле честа мета; во 1991 година, од Музејот на Ван Гог во Амстердам биле украдени 20 дела, чијашто заедничка проценета вредност е околу 500 милиони долари. Во 2002 година, две слики на Ван Гог биле украдени од истиот музеј, а потоа биле најдени во домот на мафија-бос во околината на Неапол во 2016 година.
-
Бела патка
Жан Батист Одри, Франција
Последен пат е видено во: Обединетото Кралство
Одри бил познат како дворски сликар на Луј 15-ти. Главно сликал портрети и бил посветен на мртва природа од овошје и животни. Оваа слика на мртва природа од 18 век, чијашто проценета вредност е 8 милиони долари, била украдена од колекцијата на Маркизот Чамли во Хатон Хол во Норфолк, Англија во 1992 година.
Некои истражувачи веруваат дека сликата била предадена во рацете на една циганска банда од регионот. Криминалците понекогаш крадат под претпоставка дека ќе најдат колекционер на украдени уметнички дела, како оние што ги гледаме во филмовите. Но, наместо да виси на ѕидот од дневната соба на крадецот, еден поранешен полициски информатор рече дека сликата е скриена на таванот во оддалечена, разурната куќа во околината на Њукасл. Сè уште не е најдена.
-
Поглед на Овер-сир-Оаз
Пол Сезан, Франција
Последен пат е видено во: Обединетото Кралство
Сезан, кој е еден од најреволуционерните сликари во историјата на уметноста, воспоставил доста комплексен стил кој се разликувал од она што му претходело и ги инспирирал оние по него. Тој бил особено вешт во искривување на перспективата за постигнување драматичен ефект, што може да се види и на овој пејзаж на збиени рурални куќи.
Крадците, веројатно привлечени од ваквото искривување на перспективата, го искористиле славјето на новогодишната ноќ во 1999 година за да ја украдат сликата, и тоа како на филм. Качување по скелиња, кршење светларник, спуштање по јаже и заштита со помош на димна бомба. Внатре, употребиле преносен вентилатор за да го оддува чадот, со што се заматиле CCTV камерите. Алармите се активирале, но поради чадот луѓето од обезбедувањето мислеле дека се работи за пожар, па наместо да интервенираат, викнале противпожарна единица и така крадците добиле време да избегаат.
-
Последниот суд (1808)
Вилијам Блејк, Обединетото Кралство
Последен пат е видено во: Обединетото Кралство
Големиот мултиталентиран мистичар во британската уметност, Вилијам Блејк, бил брилијантен сликар, издавач и многу други работи... неговата поезија сè уште се чита низ училиштата во целиот свет („Тигар“).
Инспириран од фреската на Микеланџело, „Последниот суд“, која се наоѓа во Сикстинската капела, огромната изгубена слика на Блејк ги покажува мртвите како воскреснуваат за да бидат пратени за навек во Рајот или Пеколот. Тој тврдел дека целиот живот имал „визии“, а многу од неговите слики и песни биле манифестација токму на нив. Во оваа верзија од изгубената слика „Последниот суд“, насликана во 1808 година, фигурите симболизираат идеи и веројатно би биле обоени во живописни бои. Ова дело било планирано да биде главен експонат на неговата голема изложба во 1810 година, меѓутоа изложбата била откажана и ова дело, заедно со многу други кои требало да бидат изложени, било изгубено.
-
Лето (c. 1644)
Давид Тениер Помладиот, Холандија
Последен пат е видено во: Португалија
Алегорија во сликарството е кога фигура или симбол означуваат одреден концепт. Изучувањето на симболите во уметноста, наречено иконографија, ги обработува сликите како визуелни загатки. Таму каде што уметникот би сакал гледачите проактивно да се вклучат во толкување на уметничкото дело и да се обидат да го дешифрираат неговото значење.
„Лето“ е дел од серијата „Алегории на четирите годишни времиња“, составена од четири слики насликани од холандскиот уметник Давид Тениер Помладиот. Иако е најпознат по сликањето непристојни сцени во крчми, оваа алегориска секвенца е трезвено оддалечување од тој стил. Тука гледаме работници кои жнеат пченица на многу топло време, колективна слика која поттикнува помисла на лето. Тениер насликал неколку верзии на оваа серија слики; меѓутоа, во 1974 година, една верзија на „Лето“ била украдена од Националниот музеј на античка уметност во Португалија и потрагата по неа сè уште трае.
-
Мостот Чаринг Крос(1899-1904)
Клод Моне, Франција
Последен пат е видено во: Обединетото Кралство и Романија, Холандија
Моне насликал 37 верзии на Мостот Чаринг Крос и најмалку 40 верзии на Мостот Ватерло. Тој бил фасциниран од проучувањето на сликањето и од тоа како светлината влијае и ги изменува предметите. Се навраќал многупати, сакајќи да ги долови различните годишни времиња, секое со суптилни разлики. Овдешните верзии се две од сликите кои биле украдени во октомври 2012 година од музејот Кунстал во Ротердам. Мајката на еден од обвинетите крадци тврдела дека „Мостот Ватерло“ била помеѓу украдените слики коишто таа ги изгорела во својата печка во Романија. Ужасен обид да се уништат доказите против нејзиниот син. Полицијата навистина пронашла траги од пигмент во печката, но недоволно за да ги потврди нејзините изјави.
-
Мостот Ватерло (1899-1904)
Клод Моне, Франција.
Последен пат е видено во: Обединетото Кралство и Романија, Холандија
Моне насликал 37 верзии на Мостот Чаринг Крос и најмалку 40 верзии на Мостот Ватерло. Тој бил фасциниран од проучувањето на сликањето и од тоа како светлината влијае и ги изменува предметите. Се навраќал многупати, сакајќи да ги долови различните годишни времиња, секое со суптилни разлики. Овдешните верзии се две од сликите кои биле украдени во октомври 2012 година од музејот Кунстал во Ротердам. Мајката на еден од обвинетите крадци тврдела дека „Мостот Ватерло“ била помеѓу украдените слики коишто таа ги изгорела во својата печка во Романија. Ужасен обид да се уништат доказите против нејзиниот син. Полицијата навистина пронашла траги од пигмент во печката, но недоволно за да ги потврди нејзините изјави.
-
Пејзаж (1917)
Јожеф Ламперт Немеш, Унгарија.
Последен пат е видено во: Унгарија
Овој преубав пејзаж од унгарскиот уметник Јожеф Ламперт Немеш е едно од двете дела во приватна сопственост кои исчезнале од магацинот на Центарот за модерна и современа уметност „МОДЕМ“ во Дебрецен, Унгарија. Кражбата на уметнички дела најчесто се поистоветува со филмските грабежи на музеи и има многу такви примери кои што се само една романтична имитација. Секоја година, се пријавуваат десетици илјади кражби на уметнички дела (и голем број непријавени). Популарни цели се архиви и магацини, бидејќи може да поминат месеци пред некој да забележи.
Меѓутоа, работата во складиште бара специјализирано знаење за начинот на лоцирање и со тоа и таргетирање. Според тоа, една ваква кражба сугерира дека крадците знаеле што бараат предвреме. Иако кражба на уметничко дело за провизија е многу ретка појава, во ваков случај не може да се биде сигурен.
-
Митолошка сцена со Бахус од младоста
Јакоб Јорданс, Белгија (Фото архива на Музеј на уметноста, Лоѓ)
Последен пат е видено во: Полска
Ова ремек-дело на големиот холандски мајстор Јакоб Јорданс, е едно од илјадниците дела кои биле украдени од Полска за време на Втората светска војна. Неговите дела биле создавани под влијание на работата на Рубенс, сликар од постара генерација од Антверп, што може да се забележи во некои аспекти од неговите дела. Тука, Бахус, античкиот бог на земјоделството, виното и плодноста, е прикажан како дете опкружено со Менади (женски нимфи) и Сатири (получовек, полукоза).
Необично богатите збирки на културно наследство на Полска биле десеткувани од руската Црвена армија и единицата за кражба на архиви и уметнички дела на нацистите, ЕРР. Иако многу од нив биле вратени, уште многу останале изгубени, како ова дело на Јорданс. Делото е земено од Музејот за историја и уметност Ј.К. Бартошевич во Лоѓ, а неговата локација сè уште е непозната.
-
Клои и Ема
Барбора Кисликова, Чешка Република
Последен пат е видено во: Норвешка
Набргу откако Барбара Кисликова се преселила во Осло, биле украдени две од нејзините најважни дела. Нејзините дела станаа светски познати неодамна, кога нејзиниот документарец „Сликарот и крадецот“ беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2020 година. Документарецот е вистинска приказна за тоа како го нашла и развила пријателство со еден млад човек кој ги украл нејзините слики.
Нејзините преголеми, фотореалистични дела имале ограничена публика надвор од Норвешка—сè додека не излезе овој реномиран филм—што значи дека кражбата е поверојатно чин на страст, а не обид за профит. Повеќето крадци не знаат ништо за делата кои ги крадат. На нив гледаат како на преносна стока со висока вредност. Овој случај е необичен и по тоа што уапсените крадци тврдат дека не се сеќаваат на ништо, ниту што сториле со сликите, бидејќи биле многу „oнеспособeни.“