Бренд

Зачекори во светот на Елза Хоск

Се придруживме на омилената манекенка на интернет за да поминеме еден сончев ден во Лос Анџелес со новата Galaxy Z серија

Што се случува кога на една од најпознатите манекенки ќе ѝ дадете еден од најатрактивните нови телефони во светот? Ние дознавме, за време на настанот на Samsung, „Unfold Your World“. Снимавме во неодоливиот Лос Анџелес, Калифорнија, ја следевме Елса Хоск, манекенка, славна личност и мајка, додека го носеше новиот Galaxy Z Flip3 5G со неа на нејзините омилени места—сликајќи фотографии, пазарејќи и пешачејќи - додека го истражува уникатното искуство што го нуди најновата генерација уреди на преклоп Galaxy.

1

Место за мир надвор од градот

Елса го започна денот во прекрасните Дескансо Гарденс, ботаничка градина во Ла Кањада Флинтриџ што се протега на површина од 60 хектари. Опкружена со илјадници цвеќиња и дрвја и застаната пред природна позадина на Холивуд Хилс, манекенката зборуваше за тоа колку ѝ е важно тоа што му дава приоритет на нејзиното ментално здравје, особено со притисокот што доаѓа со големиот број следбеници на социјалните медиуми. Затоа, Елса претпочита да го започне денот со медитација во природа, користејќи ја апликацијата Samsung Health на нејзиниот Galaxy Z Flip3 за лесно да си состави програма за медитација што одговара на нејзините многубројни обврски.

2

Патување до локалниот пазар

Од таму, Елса им кажува на присутните каков е семејниот живот со нејзиниот дечко, Том, додека купува намирници за вечера на зелениот пазар во Пасадена. Тие сакаат да купуваат мали количини за да бидат сигурни дека производите што ги купуваат се свежи, локални и органски, па затоа ова пазарче е совршено место каде што може да го најде тоа што го бара. Хоск му се јави на Том, ги сликаше

3

Брзо снимање во нејзиното омилено кафуле

Ја следевме Елса и до нејзиното омилено место за кафе: Единственото кафуле во Пасадена коешто се грижи за животната средина - „Coffee and Plants“, каде што покрај еколошка храна, има и прекрасен ентериер што е како створен за социјалните медиуми. Додека бевме во кафулето, Елса и нејзина блиска пријателка го искористија естетски дизајнираното мени за да ја испробаат камерата на Galaxy Z Fold3. Fold3 е првиот уред на преклоп на Samsung којшто е компатибилен со S Pen пенкало, што значи дека може да се снимаат содржини без раце и без потреба од тајмери. - нешто што особено ја нервира Елса. Манекенката откри дека користи ефекти како Studio Lighting и Food Mode за да направи содржина што навистина ќе се истакнува на почетната страница.

4

Прошетка низ Холивуд Хилс

За крај, како страстен планинар, Елса одвои време да нè одведе на својата омилена патека низ кањонот Бичвуд, патека што поминува низ природниот ридски терен во ЛА и го поминува знакот „Холивуд“. И покрај тоа што живее во САД веќе неколку години, Елза откри дека како Европејка сè уште многу се радува што толку често го гледа знакот „Холивуд“. Но, покрај одличната глетка, кањонот Бичвуд е одлична можност за Елса да ја слуша нејзината омилена музика со Galaxy Buds2
и да ги испроба функциите за здравје на часовникот Galaxy Watch4, којшто им овозможува на корисниците да ги следат мерењата на целиот состав на телото и да го одржуваат своето здравје.

Подготвен/а ли си да го освоиш градот како Елса?

Избери еден од новите паметни телефони од серијата Galaxy Z серија и дознај како да го отвориш својот свет.

Препорачани написи