Бренд

Отвореноста секогаш победува со Samsung Galaxy

*Симулирана слика.

Додека се подготвуваме да ги прославиме Олимписки и Параолимписки игри во Париз 2024 година, Samsung е нестрплив уште еднаш да учествува во нашето најголемо атлетско наследство преку иновации и креативност. Во градот на љубовта како домаќин, Париз 2024 година и Samsung го делат убедувањето дека слободоумноста може да постави основа за нови искуства и перспективи што можат да родат значајни достигнувања и бесконечни можности.

Париз 2024 година ветува дека ќе станат најотворените, највклучувачките и најодржливите игри досега. Како долгогодишен светски Олимписки и Параолимписки партнер, Samsung со голем ентузијазам се труди да помогне во исполнувањето на свесното ветување на игрите со најсовремената безжична комуникација и е горд што го поддржува одржувањето на игрите што позитивно ќе влијаат на нашето општество и планета. Соединувајќи ги нашите најголеми спортисти и навивачи од цел свет, технологијата на Samsung ќе го поврзе светот и ќе шири инспирација преку страста на атлетиката.

Со пораката од кампањата „Open always wins“, Samsung изразува колку отвореноста е срж на победничкиот дух. Иновативноста на Samsung и визијата на Париз 2024 година се слични по тоа што го делат истиот корен на отвореност. Зад сè ново и зачудувачко се крие поинаков начин на гледање кон идеја, нов пат кон решение. Samsung е почестен да ги спонзорира игрите во Париз 2024 година како партнер, а со прифаќање на отвореноста, Samsung и Париз 2024 година ќе направат значаен нов чекор заедно во остварувањето на победата – и во спортот и во иновативноста.

Горд спонзор на Олимписките игри во Париз 2024 година

Тим Samsung Galaxy

Тимот на Samsung Galaxy е посилен од кога било. Подготовката за Париз 2024 година е инспиративен глобален список на Олимписки и Параолимписки спортисти и надежни спортисти кои го делат верувањето на Samsung дека „Open always wins“ и имаат влијание и на теренот и надвор од него. Не само што се на врвот на нивниот спорт, туку знаат и дека со отворен ум, секое ново искуство станува значајно достигнување што отвора нови перспективи и бесконечни можности.

Чест ни е да го поддржиме овој неверојатен тим на спортисти и да ги споделиме нивните приказни, перспективи и страсти со навивачите низ светот со надеж дека ќе ги охрабриме сите да се отворат кон нови можности во нивниот секојдневен живот. Да наздравиме за „Games wide open“ и најотворениот Тим Samsung Galaxy од кога било. Ви благодариме што ни помагате да ги бодриме!

Спортско качување

Јања Гарнбрет

Јања Гарнбрет се смета за најуспешена натпреварувачка на спортско качување на сите времиња со само 25 години. Откако со речиси 16 години отиде на светско првенство, Јања ја започна низата успеси кои се уште траат.

Со златниот олимписки медал од Токио 2021 година, Јања е 8 пати светски шампион во 10 светски првенства и рекордни 43 победи на натпреварите на Светското првенство.Јања Гарнбрет, која многумина ја сметаат за водечка моќ во женското спортско качување, работи и на глобално развивање на спортот, кој ќе достигне нови височини со вториот настап на Олимписките игри во Париз 2024 година каде Јања очекува нов златен медал

Instagram

Бадминтон

An Se-young

Наградена за најперспективниот играч на годината во 2019 година од Badminton World Federation (BWF), An го освои златниот медал на Светското првенство во 2023 година и ја предводеше Кореја до неверојатно екипно злато на Азиските игри во 2023 година.

Instagram

Скејтбординг

Aurélien Giraud

Aurélien е двократен француски национален шампион и актуелен светски шампион, кој заврши на шестото место во машка конкуренција за возење на улица на Олимписките игри во Токио 2020 година. Тој сега е насочен кон Париз 2024 година – како еден од најдобрите надежи на земјата домаќин во спортот.

Instagram

Фудбал

Son Heung-min

Глобалната спортска икона, Son Heung-min игра како напаѓач во Премиер лига во клубот Tottenham Hotspur и е капитен на јужнокорејската репрезентација. Добитник на наградата „Пушкаш“ на FIFA во 2020 година и добитник на „Златна копачка“ во Премиер лига во 2022 година, тој го надминува спортот во Јужна Кореја и беше на насловните страници за време на 2022 FIFA Светското првенство.

Instagram

Брејкинг

Kim Ye-ri

Една од најпознатите брејкерки во Јужна Кореја, Yeri – позната и како B-girl Yell – помага да светот да го запознае нејзиниот спорт додека таа се подготвува да го има своето Олимписко деби. Освои бронза на Младинските Олимписки игри во Буенос Аирес 2018 година.

Instagram

Спортско искачување

Seo Chae-hyun

Seo е една од најсилните млади алпинисти во Јужна Кореја - и веќе финалистка за светски шампион и Олимписки игри. Таа беше единствената жена од Јужна Кореја која се натпреваруваше во спортско качување во Токио 2020 година, кога спортот го имаше своето деби на Олимпијадата, а исто така беше и една од најмладите.

Instagram

Пинг-понг

Shin Yu-bin

Позната како “Чудо од дете за пинг-понг”, Shin е изнвонредна и најмладата корејска пингпонгарка која се напреварувала на Олимписките игри.

Instagram

Брејкинг

Sarah Bee

Со седиште во Дижон, Франција, Sarah е членка на женската екипа на Замунда. Со брз, динамичен и бестрашен стил, таа меша сè што практикува создавајќи свој „стил на пчели“, кој се надева дека ќе го покаже додека дебитира на Олимписки игри во Париз.

Instagram

Сурфање

Johanne Defay

Defay е француска професионална сурферка која се натпреваруваше во Токио 2020 година и заврши деветта во генералниот пласман во женска конкуренција. Достигнувањата во кариерата вклучуваат и пет победи на турнирот од шампионатот WSL и прво место на US Open за сурфање во 2015 година. Таа ќе ја претставува својата родна земја на Париз 2024 година по квалификациите за Олимписки игри на Светското првенство во Bells Beach, Австралија во 2023 година.

Instagram

Спортско искачување

Mejdi Schalk

Schalck е француски искачувач на карпи и ѕвезда во подем во спортско качување, кој го имаше своето Олимписко деби на Токио 2020 година. Тој освои бронзен медал во машка конкуренција на Светските игри во 2022 година и сребро на Светското првенство во искачување карпи IFSC во 2023 година.

Instagram

Кошарка

Marine Johannes

Позната како „Волшебничка“ поради нејзините вештини за ракување со топка, Marine е кошаркарска ѕвезда која игра за New York Liberty на Женската национална кошаркарска асоцијација (WNBA), во САД. Таа има за цел да ја претставува Франција во Париз 2024 година, пред публиката во нејзината родна земја.

Instagram

Сурфање

Jack Robinson

Jack Robinson ќе ја претставува Австралија на натпреварот по сурфање во Париз 2024 година. Сметан за еден од најдобрите јавачи на бранови на модерното време, Robinson беше крунисан за Сурфер на годината на Австралиските награди за сурфање во 2020 и 2021 година.

Instagram

Скејтбординг

Sky Brown

Возејќи скејтборд од тригодишна возраст, Brown стана првата британска скејтбордерка што се квалификуваше за Олимписки игри и освои бронзен медал на 13-годишна возраст во Токио 2020 година. Сега таа ќе ја претставува Велика Британија во скејтбординг во Париз 2024 година, а на само 15 години веќе е икона во нејзиниот спорт.

Instagram

Сурфање

John John Florence

John John е познат како „еден од најдоминантните сурфери во неговата ера“. роден на Хаваи, тој започна сам да сурфа на петгодишна возраст и стана најмладиот сурфер кој се натпреварувал на Тројната круна за сурфање на само 13 години. А денес, John John е двократен светски шампион, петкратен шампион во Тројна круна во сурфањето и осумкратен шампион во Светската лига за сурфање.

Instagram

Параолимписка атлетика

Madison de Rozario

Madison е Параолимписка спортистка и атлетичарка со инвалидски колички од Австралија која е специјализирана за настани на средни и долги растојанија. Madison се натпреварувала на четири Параолимписки игри, освојувајќи два златни медали, три сребрени и еден бронзен.

Instagram

Атлетика

Sifan Hassan

Sifan е холандски тркач на средни и долги патеки, роден во Етиопија, кој заврши невидена тројка на Олимписките игри во Токио 2020 година, освојувајќи златни медали и на 5.000 метри и на 10.000 метри и бронзен медал на 1.500 метри.

Instagram

Брејкинг

Karam Singh

Започнувајќи го своето патување во брејкинг во 2006 година на 8-годишна возраст, славната кариера на Karam го забележа својот прв голем врв во 2019 година откако стана соло шампион на Светското финале на B-Boy во Обединетото Кралство.

Instagram

Брејкинг

Grace “Sunny” Choi

Grace „Sunny“ Choi е B-Girl од Кентаки, која треба да се натпреварува за тимот на САД во инаугурацискиот натпревар во брејкденс во Париз 2024 година. Choi моментално е актуелна шампионка на САД во B-Girl и го освои првиот Pan American златен медал за овој спорт во ноември 2023 година.

Instagram

Скејтбординг

Jagger Eaton

Eaton е двократен светски шампион, петкратен медалист на X игрите и освојувач на бронзени Олимписки медали од САД- кој заврши на трето место во машка конкуренција за возење на улица за време на Олимписко деби во Токио. Сега, тој се стреми кон двојно злато на Париз 2024 година, бидејќи се надева дека ќе се натпреварува и во возење на улица и на паркови на претстојните Игри.

Instagram

Бадминтон

Carolina Marín

Marín е шпанска професионална играчка на бадминтон, Олимписка шампионка, трикратна светска шампионка, шесткратна европска шампионка и поранешна бр. 1 во светот според рангирањето на BWF за дисциплината во поединечна женска конкуренција, каде што 66 седмици ја држеше светската титула бр. 1.

Instagram

Скејтбординг

Rayssa Leal

Rayssa стана една од најмладите Олимписки медалисти во историјата, освојувајќи го среброто во женската дисциплина на улица во Токио 2020 на само 13 години. Денес, бразилската скејтбордерка е исто така двократна светска шампионка, двократна освојувачка на златен медал на X Игри и менторка за други млади девојки во спортот.

Instagram

Нуркање

Alejandra Orozco

Orozco е трикратна олимпијка и двократна освојувачка на Олимписки медали од Мексико. Одликуваната нуркачка освои сребро на Олимписки игри во Лондон 2012 година во настанот Синхронизирана платформа на 10 метри и бронза во Токио 2020 година.

Instagram

Фудбал за слепи лица

Yvan Wouandji

Yvan е француска слепа фудбалска ѕвезда која освои сребрен медал на Параолимписки игри во Лондон 2012 година и е трикратен шампион на Европскиот куп во фудбал за слепи лица.

Instagram

Параолимписко пливање

Ugo Didier

Ugo Didier е француски Параолимписки пливач кој се натпреваруваше во Токио 2020 година на Параолимписки игри и освои сребро на 400 метри слободно за мажи S9 и бронза на 200 метри поединечно мешано за мажи SM9.

Instagram

Параолимписка атлетика

Johannes Floors

Johannes Floors е германски параспортист и лице со ампутирани два долни екстремитети. Floors освои злато како дел од машката штафета 4x100 метри на Параолимписки игри во Рио 2016 година, а во Токио освои злато на 400 метри и бронза на 100 метри.

Instagram

Голбол

Heejin Kim

Heejin е слепа голгетерка која е капитен на корејската репрезентација и беше предводник на првото квалификување за голбол на Јужна Кореја во 28 години во Париз 2024.

Документарна серија
на пат кон Париз 2024 година

Олимписки игри и Samsung

4

Да решаваме, да се движиме и да создаваме за подобро утре.
Приклучете се на движењето кое оди подалеку, ги предизвикува можностите и создава повеќе.

Текстот, „Together for Tomorrow Enabling People“, е поврзан со линии во другите четири бои на Олимписките прстени. Подолу, текстот гласи „Овозможено од“, проследено со Олимписките прстени, логото на Samsung и логото на Agitos. Подолу текстот гласи, „ПАРТНЕР ШИРУМ СВЕТОТ“. Текстот, „Together for Tomorrow Enabling People“, е поврзан со линии во другите четири бои на Олимписките прстени. Подолу, текстот гласи „Овозможено од“, проследено со Олимписките прстени, логото на Samsung и логото на Agitos. Подолу текстот гласи, „ПАРТНЕР ШИРУМ СВЕТОТ“.
   

Galaxy AI пристигна

Се доближуваме до иднината. Galaxy AI е тука да го ослободи потенцијалот и да ги отклучи вратите кон новиот свет на креативност, хуманост и бескрајни можности.
Животот се отвора со Galaxy AI.

Повеќе приказни со Олимписки и Параолимписки игри

Следно, прочитајте ги овие приказни