Бренд

Како материјалите од вашиот телефон може да помогнат да се заштитат нашите океани

Ги развиваме материјалите во уредите Samsung Galaxy за поодржлива иднина.

Загадувањето со пластика е закана за нашите океани и морски свет. Можеби ќе помислите на шишиња со вода за еднократна употреба или пластични кеси кои пловат на површината на океанот, но повеќето од пластиката во океанот се фрлени рибарски мрежи и опрема. Според FAO, неверојатни 640.000 тони опрема за риболов се оставаат во океанот секоја година.

Неверојатни 640.000 тони рибарски мрежи се оставаат во океанот секоја година

-FAO

Познати како „мрежи духови“, пластичните рибарски мрежи претставуваат сериозна закана за нашата планета

Ако не преземеме мерки за фрлените рибарски мрежи, тие ќе предизвикаат неповратна штета на морскиот свет и нашиот природен екосистем. Тие би го заплеткале морскиот свет и би ги оштетиле коралните гребени. Микроскопските пластични фрагменти влегуваат дури и во нашата храна и вода.

Давање нов живот на старите рибарски мрежи

Како дел од нашата визија за одржливост, Galaxy for the Planet, Samsung ги спречува фрлените рибарски мрежи да влезат во нашите океани со рециклирање и користење во нашите производи. Според резултатите од Life Cycle Assessment (LCA) спроведена од Underwriters Laboratories (UL), глобално тело за сертификација за безбедност, рециклирањето на пластиката која ќе заврши во океан во уредите Samsung Galaxy ја намалува емисијата на јаглероден диоксид (C02) за приближно 25 %, споредено со редовната пластика.1 Планираме да спречиме повеќе од 50 тони фрлени рибарски мрежи да влезат во нашите океани во 2022 г. Во соработка со експерти од индустријата, развивме начин за пренамена на мрежите во сигурен материјал за паметните телефони Samsung Galaxy.

Рециклирано како делови од Galaxy S22 series

Galaxy S22 Series е нашиот прв паметен телефон што вклучува рециклирана пластика која ќе заврши во океан. Вклучува материјал направен со 20 % пренаменети рибарски мрежи во основната рамка и внатрешниот капак на S Pen.

Градење позелена иднина заедно

Без разлика дали штотуку сте почнале да правите одржливи секојдневни промени или веќе сте поборник за одржлив начин на живот, може да бидете сигурни дека работиме заедно кон таа заедничка цел. Интегрирањето на рециклирани рибарски мрежи во уредите Samsung Galaxy е уште еден важен чекор што го преземаме за да го намалиме нашето влијание врз животната средина. Ние сме први во индустријата што ги пренаменуваме фрлените рибарски мрежи и во иднина ќе вградуваме пренаменета пластика која ќе заврши во океан во сите наши уреди Samsung Galaxy.

Секојдневни промени.
Значајно влијание.

Важно е да правиме одржливи избори во нашиот секојдневен живот, вклучувајќи ги и производите што ги купуваме. Со користење телефон кој вклучува пластика направена од собрани рибарски мрежи го намалувате производството на чиста пластика за да го намалите влијанието врз животната средина на високата технологија како ваш животен стил. Кога сите правиме секојдневни промени, можеме да имаме значајно влијание низ целиот свет и да ги зачуваме природните ресурси на нашата планета.

¹Оваа проценка е спроведена од Hanwha Compound, компанија партнер на Samsung Electronics, којашто произведува и снабдува рециклирана пластика што се користи во уредите Samsung Galaxy.

Направете одржлив избор.
Високата технологија и понатаму нека биде ваш животен стил.

Овој избор ви помага да изградите позелена иднина.

Следно, прочитајте ги овие приказни