Бренд

Како се направени Galaxy Buds Pro
имајќи ја предвид дигиталната пристапност

Живеењето на технолошки напреден животен стил е полесно од кога било порано со аудиопристапноста на Galaxy Buds Pro.

Ако имате проблем со слухот, знаете дека е тешко да се снајдете во овој модерен дигитален живот. За среќа, технологијата за слушалки направи огромни чекори за да ви го олесни снаоѓањето. Galaxy Buds Pro не ви помагаат само да го исклучите светот кога ги слушате вашите омилени мелодии или поткасти. Со вистинските поставки, може да слушате повеќе од надворешниот свет, да ја приспособите јачината на звукот за секое уво поединечно и според фреквенцијата и да направите многу повеќе за да се справите со губењето на слухот.

Пронајдете ја сопствената рамнотежа

Губењето на слухот може да варира од мало до целосно губење на слухот, може да се изолира на специфични фреквенции или дури и да се менува од уво до уво. Иако Galaxy Buds Pro не може да ги заменат препишаните апарати за слух, тие може да направат прилично многу за да ви помогнат да се справите со губење на слухот, без разлика како тоа се манифестира за вас.

Адаптирањето на звукот го тестира вашиот слух, а потоа ги приспособува левата и десната слушалка независно за да одговараат на вашите уникатни потреби.¹ Може да ја промени општата јачина на звук, па дури и да се фокусира на специфични фреквенции, зголемувајќи ги или намалувајќи ги колку што е потребно, за да ви го овозможи вистинското ниво на аудио од двете страни.

Внесете го надворешниот свет внатре

Galaxy Buds Pro не само што ги пригушуваат звуците од вашата околина со Активно пригушување на бучавата, туку тие може дури и да ги засилат звуците што ќе ги наведете. Микрофоните за амбиентален звук слушаат звук од околното опкружување, па може да го засилите или намалите како што ви одговара. Може дури и да ги дотерувате поставките за да ги засилите или пригушите специфичните звуци, како што се човечки гласови или ѕвончиња. Неодамнешна студија откри² дека амбиенталниот звук во Galaxy Buds Pro може да им помогне на луѓето со слаби до умерени оштетувања на слухот подобро да ги разберат изговорените зборови, што води до подобро учество во разговорот.

Живејте си го животот со долготрајна батерија

Не е важно колку слушалките се добри за дигитална пристапност ако батеријата им се потроши среде филм или аудиокнига. Батеријата е уште поважна кога се потпирате на нив за разговор и го слушате светот околу вас. Затоа, Galaxy Buds Pro се создадени да траат, со 5 часа време за траење со едно полнење и уште 13 часа во кутијата.

Транскрипција кога ви е потребна
Имате проблем да ја слушнете другата страна од разговорот? Отворете ја апликацијата Voice Recorder и користете Voice Memos за да извршите транскрипција на говор во текст.

Контролирајте го звукот со допир

Лесно е да се реагира на ненадејни промени во вашата непосредна средина, без да треба да го вадите телефонот кога Galaxy Buds Pro ви се во ушите. Со контроли на допир, може да паузирате или да прескокнете музика и поткасти, да примате и да завршувате телефонски повици и да го приспособувате допирањето и задржување за да го вклучите амбиенталниот звук во моментот кога ви е потребен.³

Жена во дуксер со качулка и јакна ги затвора очите и ужива во музиката што свири на нејзиниот Galaxy Buds Pro. Жена во дуксер со качулка и јакна ги затвора очите и ужива во музиката што свири на нејзиниот Galaxy Buds Pro.

Повикајте го Bixby кога ви треба помош

Аудиопристапноста може да функционира на два начина – го прави аудиото попристапно за лицата со оштетен слух, но аудиотехнологија може да се користи и за да се зголеми општата пристапност. Со едноставно „Hi Bixby“, може да вклучите Активно пригушување на бучавата, да ја отклучите подлогата за допир на вашиот Galaxy Buds Pro или да го проверите нивото на батеријата.⁴

  • ¹Адаптирањето на звукот е достапно на серијата Galaxy S , серијата Galaxy Note , серијата Galaxy Z.
  • ²https://news.samsung.com/global/galaxy-buds-pro-effective-for-people-with-hearing-loss-study-reveals
  • ³Функциите како што се Пригушување на амбиентална бучава и Амбиентален звук имаат потреба од поврзување со компатибилен уред преку Bluetooth. Напредните поставки како Нивоа на амбиентален звук се достапни само на уреди со Android што работат на Android 7.0 или повисока верзија и имаат 1,5 GB RAM или повеќе. Напредните функции овозможени преку апликацијата Galaxy Wearable на Android се достапни преку Google Play Store.
  • ⁴Достапноста на функциите на Bixby и давателите на содржини може да се разликува во зависност од земјата ил јазикот; Bixby препознава само одредени акценти и дијалекти на англиски (Обединето Кралство), англиски (САД), француски (Франција), германски (Германија), италијански (Италија), корејски (Јужна Кореја), мандарински кинески (Кина), шпански (Шпанија) и португалски (Бразил). Galaxy Buds Pro мора да се поврзани со уред Samsung Galaxy со мрежа со мобилен интернет или поврзување преку Wi-Fi за целосно работење на функциите на Bixby. Потребна е и најава на сметката на Samsung.

Најдете го точно она што ви одговара на начинот на живот

Во Samsung, пристапноста ни е најважна во сѐ што правиме. Зграпчете ги Galaxy Buds Pro и Galaxy S21 5G и усогласете се со светот околу вас.

Следно, прочитајте ги овие приказни