Бренд

Генерација 17: Лидери на денешницата
за подобро утре

Запознај ја следната група двигатели и активисти на Samsung x УНДП кои градат подобра иднина.

Во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Samsung продолжува да го свртува вниманието кон гласовите, приказните и оригиналноста на младите лидери кои се посветени на тоа да остават свој печат во светот на извонреден начин.

По започнувањето во октомври 2020 година, иницијативата „Генерација 17“ на Samsung и УНДП обезбедува можности за менторство, технологија и вмрежување за млади активисти чиишто иницијативи се втемелени во 17-те глобални цели—универзален повик за акција за ставање крај на сиромаштијата, заштита на планетата и обезбедување мир и просперитет за сите луѓе до 2030 година.

Запознај ја следната група двигатели на промени кои ќе работат со прва група од Млади лидери (Young Leaders) за забрзување на напредокот во постигнување на глобалните цели.

Даниел Каларко, 23 год., Бразил

„Не можам да направам сè, но можам да направам нешта со коишто ќе допрам до младите, ќе ги мобилизирам и поттикнам да работат со мене.“

Додека растел во сиромашните квартови (ориг. favelas) на Рио де Жанеиро, Даниел Каларко од прва рака ги почувствувал последиците од нееднаквоста и маргинализацијата. Во средина на насилство и немање пристап до образование, тој вели „една од целите ми беше само да останам жив“.

На 11-годишна возраст, Даниел освоил место на академска обука којашто го насочила на патот кон пронаоѓање одговори на прашањата за социјална нееднаквост. На 18-годишна возраст, тој ја основал Observatório Internacional da Juventude (International Youth Watch), заедница којашто ја користи технологијата, едуцирајќи илјадници млади луѓе за Глобалните цели и подобрувајќи ги можностите за маргинализираните заедници. Даниел неодамна дипломираше како адвокат за човекови права—неговиот следен чекор е мобилизација на уште повеќе од неговите колеги кои гледаат дека премногу луѓе се изоставени од општеството и кои сакаат да ја променат статус кво состојбата. „Светот постојано се менува“, вели тој. „Она што не може да се промени е нашата заложба да го подобриме, нашата заложба да бидеме подобри“.

Надин Каули, 25 год., Либан

„Технологијата ми овозможува да го изразам моето мислење, да ја пренесам мојата порака глобално, да ги нагласам вистинските потреби и да изградам меѓународна заедница на иноватори“.

На 4 август 2020 година, Надин Каули возела од нејзиното село кон Бејрут, кога одекнала страшна експлозија во градот стар 5000 години, при што загинале повеќе од 200 лица, а 300.000 потоа се раселени. Животната мисија на Надин да стави крај на сиромаштијата и да донесе „основно достоинство“ за секого во Либан, станала уште поитна.

Следниот ден, таа и нејзиниот тим од Kafe be Kafak (Hand in Hand) отишле на местото на експлозијата, обезбедувајќи тријажа за кризни ситуации, средства и засолниште за раселените семејства. Поради нејзината посветеност на добросостојбата на либанскиот народ, Надин ги користела друштвените мрежи за да се поврзе со други лица во врска со нејзините хуманитарни заложби и да побара поголема транспарентност од владините агенции. Како делегат за младински развој во УНДП Либан, Надин го крева нејзиното застапување за човековите права на глобално ниво, водејќи виртуелни работилници и обука за млади луѓе ширум светот кои се посветени на Глобалните цели.

Јеџин Чој, 26 год., Јужна Кореја

„Сите можеме да ги користиме нашите способности за да им помогнеме на луѓето околу нас. Со промена на еден човечки живот на подобро, можеме да го промениме светот.“

Два месеци пред да го започне своето школување во колеџ, Јеџин Чој започнала да подучува деца во соседната заедница позната по големата сиромаштија. Речиси веднаш по започнувањето, таа забележала дека на децата, особено оние со инвалидитет, им недоставуваат ресурси за учење. Со тек на време, почнала да ја користи својата обука за когнитивна терапија за да осмисли едногодишна наставна програма насочена да им помогне на стотици семејства.

Но, само по еден месец, само пет проценти од семејствата продолжиле да ја користат програмата. Сфаќајки дека им треба полесно решение, Јеџин се свртела кон технологијата. Таа ја создала DoBrain, програма за учење заснована врз видеа коишто децата може да ги гледаат на паметен телефон, таблет или компјутер. Денес, DoBrain се шири на меѓународно ниво и имала позитивно влијание врз десетици илјади деца ширум светот.

Јурии Ромашко, 28 год., Украина

„Веруваме во дигиталното. Веруваме во технолозите што мислат глобално, делуваат локално и целосно го менуваат светот за блиската иднина.

Јурии Ромашко ја користи неговата страст за аналитика на податоци за борба против корупцијата и за унапредување на транспарентноста на политиките за здравствени и социјални проблеми во Украина. Во 2013 година, тој бил коосновач на Institute of Analysis and Advocacy (Институт за анализа и застапување) (IAA), што сега е една од најдобрите 100 тинк-тенк организации во Централна и Источна Европа.

Како реакција на пандемијата со КОВИД-19, IAA создаде јавна контролна табла што обезбеди транспарентност на цените на медицинските и потрошувачките производи. За Јурии, дипломец на правен факултет, аналитиката и технологијата се основни компоненти на неговата мисија: Да се создаде еден екосистем за одговорно управување што ќе биде усогласен со глобалните цели, што ќе ги подготвува луѓето да донесуваат одлуки засновани врз информации и податоци.

Илустрација на карта на светот во повеќе бои. Осум активисти од програмата „Генерација 17“ се прикажани на различно обоени полиња на картата. Над секоја фотографија има ознака во којашто е опишана главната цел за одржлив развој на тој лидер: Даниел - Бразил (16. Мир и правда), Максимо - Аргентина (13. Справување со климатските промени), Садја - Мали (5. Родова еднаквост), Јурии - Украина (9. Индустрија, иновации и инфраструктра), Надин - Либан (1. Свет без сиромаштија), Тафара - Зимбабве (11. Одржливи градови и заедници), Јеџин - Јужна Кореја (4. Квалитетно образование), Шоми - Бангладеш (6. Чиста вода и санитарни услови). Илустрација на карта на светот во повеќе бои. Осум активисти од програмата „Генерација 17“ се прикажани на различно обоени полиња на картата. Над секоја фотографија има ознака во којашто е опишана главната цел за одржлив развој на тој лидер: Даниел - Бразил (16. Мир и правда), Максимо - Аргентина (13. Справување со климатските промени), Садја - Мали (5. Родова еднаквост), Јурии - Украина (9. Индустрија, иновации и инфраструктра), Надин - Либан (1. Свет без сиромаштија), Тафара - Зимбабве (11. Одржливи градови и заедници), Јеџин - Јужна Кореја (4. Квалитетно образование), Шоми - Бангладеш (6. Чиста вода и санитарни услови).

Направи го првиот чекор да им се придржиш на младите лидери во нивните заложби да го направат светот подобро место за живеење

Дознај повеќе за 17-те глобални цели и донирај за каузата што ти е омилена. Без разлика да е за намалување на гладот, борба против нееднаковста или чистење на планетата—корисниците на Galaxy можат да преземи и да ги користат Апликацијата Samsung Global Goals за да го применат новостекнатото знаење и да делуваат.

Следно, прочитај ги овие приказни