Galaxy Z Fold6

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.

Galaxy Z Fold6, најдобриот AI уред на преклопување за Вашиот бизнис. Големиот екран во комбинација со Galaxy AI овозможува неспоредлива продуктивност.

Отворете совршенство

Толку е тенок и лесен што може лесно да го чувате в џеб. А, доаѓа со воодушевувачки екран на преклопување.

  • *Споредено со претходни Galaxy Z Fold модели.
  • *Дебелината е измерена од горниот до долниот крај на стаклото кога уредот е отворен.

Совршена продуктивност со Galaxy AI

Најлесниот начин за резимирање белешки на сите Galaxy уреди на преклопување

Креирајте записници од состаноците со само неколку допири. Функцијата Note Assist ги транскрибира снимките и ги организира во белешки, создавајќи ефикасни резимеа. А за сѐ останато, тука е S Pen пенкалото.

  • *За опцијата Summary за Note Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Функцијата за резимирање за опцијата Note Assist се активира кога ќе се исполни условот за одреден број јазични знаци и тој број е под ограничувањето за знаци. Функцијата за гласовно снимање за опцијата Note Assist може да не е поддржана во некои земји. Аудио датотеките мора да траат помалку од 3 часа за да може да се процесираат. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  • *Galaxy Z Fold6 нема вграден слот за S Pen пенкало. S Pen пенкалото се продава одделно. Користете S Pen пенкало дизајнирано за Galaxy Z Fold. S Pen Fold Edition пенкалото е компатибилно со Galaxy Z Fold5 и Z Fold6. Сите други S Pen пенкала или други пенкала може да го оштетат екранот. Поддршката за S Pen пенкало е ограничена само на главниот екран.

Вашиот личен симултан толкувач на конференциите

Одите на деловно патување? Функцијата Interpreter преведува во истиот миг за да можете да ги разберете другите јазици на глобалните конференции или на приватните состаноци со странски клиенти.

*За функцијата Interpreter е потребно најавување на Samsung Account. За одредени јазици може да биде потребно групно преземање. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста и поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот. Достапноста на поддржани јазици може да се разликува.

Врвна технологија

Најбрзиот процесор на Galaxy уред на преклопување

Благодарение на моќниот чипсет, продуктивноста е зголемена на еден огромен екран за да имате непречен мултитаскинг.

*Ограничено само за Galaxy уреди на преклопување.

Станете професионалец. ProVisual Engine

Запознајте го најмоќниот систем на камери на Fold досега. Доаѓа со надграден NPU, восхитувачки спецификации и ProVisual Engine, така што ќе го трансформира Вашето искуство со мултимедија.

*Ограничено само за Galaxy уреди на преклопување.

Издржлив. Веродостоен. Направен да трае

Нашата иновативна FlexHinge шарка којашто е отпорна на удари е потенка од кога и да било досега. Покрај тоа, зајакнатата Armor Aluminum рамка Ве чува заштитени заедно со Corning® Gorilla® Glass Victus® 2.

  • *Споредено со претходни модели.
  • *Рамката Armor Aluminum не ги вклучува јачината на звук и страничните копчиња или отворот за SIM-картичка.
  • *Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 е поставено на предниот и задниот дел на уредот.
  • *Јачината на зајакнатата Armor Aluminum рамка е подобрена за 10 %, а цврстината за 9 % во споредба со претходниот модел.

Заштитени со Samsung Knox

Паметна заштита за деловните податоци

Бидете спокојни со елегантната заштита којашто нема да ја попречи Вашата продуктивност. Вашиот Galaxy Z Fold6 останува сигурен на сите нивоа со помош на врвната безбедност на Samsung Knox, непробојната биометрика и паметните алатки за заштита од следење.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.

Заштитени и подготвени за работа со Galaxy AI

Максимизирајте ја деловната ефикасност со помош на AI карактеристиките што се безбедни на Вашиот уред, без да треба да се поврзувате на облак.

*Опцијата AI на уред не вчитува податоци на облак ниту ги подучува AI моторите преку внесовите на корисникот. За одредени Galaxy AI карактеристики може да биде потребно поврзување на мрежа.

Google Workspace за Galaxy Z Fold6

Креирајте, поврзувајте се и соработувајте на огромен екран на кој е овозможено AI. Благодарение на алатките за продуктивност и соработка на Google Workspace, можете да отклучите нови начини да работите додека сте во движење.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.

Паметни начини на работа

SAP Mobile Start за Galaxy Z Fold6

Опциите за флексибилност на екранот Ви овозможуваат да добиете дополнителни увиди и веднаш да одговарате на информации кои се клучни за работата, подобрувајќи ги продуктивноста и профитабилноста.

Усовршено управување со работата

Искористете ја моќта на унифицираната платформа за лесно да управувате со проектите, со комуникацијата и со финансиите.

Споделени дојдовни сандачиња за тимска соработка

Унифицирани дојдовни сандачиња за повеќе канали со цел поедноставена деловна комуникација и тимска соработка.

Подобрено фаќање белешки и скицирање

Зголемете ја продуктивноста и фокусирајте се на она што е најважно - Вашите идеи. Лесно наоѓајте и дотерувајте ги своите идеи преку пребарување на ракописите, што е овозможено преку машинско учење.

  • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.
  • *За користење на некои услуги или апликации е потребна претплата или еднократно купување. За повеќе детали посетете ги страниците за ценовен план и трошоци на секој партнер.
  • *Достапноста на услуги од трети лица подлежи на промена без претходно известување.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.

Galaxy Enterprise Edition

Поддржете ја новата ера на работење

Galaxy Z Fold6 Enterprise Edition Ви помага да имате зголемена продуктивност, а истовремено го заштитува Вашиот бизнис. Дури и не мора да имате ИТ оддел за тоа. Покрај тоа, добивате 3 години зголемена поддршка во работењето и 7 години ажурирања на заштитата и одржувањето.

*Enterprise Edition нуди до 7 години пуштање верзии за безбедносно одржување. Честотата на пуштање верзии за безбедносно одржување (месечно, годишно) може да се разликува во зависност од моделот.

Искуство со Samsung Galaxy

Поврзано искуство

Зголемете ја продуктивноста и креативноста на сите Samsung Galaxy уреди.

One UI

Направете го Samsung Galaxy да изгледа во Ваш стил и да работи по Ваше со One UI.

Smart Switch

Продолжете од таму каде што застанавте на новиот Samsung Galaxy со едноставно пренесување на податоците.

  • *Достапните функции може да се разликуваат во зависност од уредот, земјата, регионот, операторот или верзијата на One UI/UX.
  • *Уредите Samsung Galaxy дадени на сликата се продаваат одделно.

Иновативни производи за деловни корисници

Зошто да изберете Samsung за Вашиот бизнис

Клучот за успехот на илјадници компании, Samsung е направен да одговара на новиот начин на работа.

Why Samsung for your business Why Samsung for your business

Контактирајте со експерт за деловна продажба

Контактирајте со експерт за деловна продажба

Оставете Ваши податоци и нашиот тим за продажба ќе Ве исконтактира.

  • *Сите спецификации и описи кои се наведени тука може да се разликуваат од реалните спецификации и описи на производот. Samsung го задржува правото да прави промени во овој документ и на производот кој е опишан тука, во секое време, без обврска да извести за таквата промена. Сите функционалности, карактеристики, спецификации, графички кориснички интерфејс и други информации за производот содржани во овој документ вклучувајќи, но не ограничено на придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот, подлежат на промена без известување или обврска. Содржините на екраните се симулирани слики и служат исклучиво како пример.
  • *Може да биде потребна најава на корисничка сметка на Samsung за да се користат одредени Samsung AI функции.
  • *Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со AI функциите.
  • *Достапноста на функциите Galaxy AI може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот.
  • *Функциите Galaxy AI ќе бидат бесплатни најмалку до крајот на 2025 година на поддржани Samsung Galaxy уреди. Условите може да се разликуваат за AI карактеристиките обезбедени од трети страни.
  • *Galaxy AI услугата може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со возрасни ограничувања поради употребата на вештачка интелигенција.
  • *Samsung уредите прикажани на сликата се продаваат одделно.
  • *За користење на некои услуги или апликации е потребна претплата или еднократно купување. Повеќе детали се наведени на страниците за ценовен план и трошоци на секој партнер.
  • *Достапноста на услуги од трети лица подлежи на промена без претходно известување.
  • *Сликите се симулирани за илустрација. Секвенците се скратени и симулирани. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.