Правни прашања

1. ПРАВНИ ИЗВЕСТУВАЊА

 

1.1 Ова правно известување (овие „*услови*“) се применуваат на севкупната содржина на веб-локацијата под доменот www.samsung.com/mk/ ( „*веб-локација*“) и на секоја кореспонденција меѓу Вас и компанијата (како што е дефинирано во натамошниот текст). Пред користењето на веб-локацијата, внимателно прочитајте ги овие услови. Користењето на веб-локацијата значи дека ги прифаќате условите без оглед дали ќе ги регистрирате Вашите податоци кај нас или не. Ако не ги прифаќате условите, немојте да ја користите веб-локацијата.

2. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ И ДОЗВОЛА

 

2.1 Дозволено Ви е да печатите и да преземате материјали од веб-локацијата за свои лични потреби под следниве услови:

(a) документите или сродните графички слики од веб-локацијата, не може да ги менувате на било кој начин;

(б) сликите од веб-локацијата не може да ги користите одделно од текстот на којшто се однесуваат;

(в) известувањата за авторското право и за заштитниот знак на компанијата и ова известување за дозвола се наоѓаат во сите примероци.

2.2 Освен ако не е поинаку наведено, авторското право, заштитните знаци, правата на база на податоци и другите права на интелектуална сопственост во целата содржина и материјалот на веб-локацијата (вклучително, без ограничување фотографии и графички слики) се сопственички права што ги поседува компанијата или нејзините издавачи на дозвола. Поради целта на овие услови, забрането е било какво користење на материјалите од веб-локацијата што не е во согласност со клаузулата 2.1 за какви било цели. Ако прекршите било кој од овие услови, овластувањето што го имате за користење на веб-локацијата автоматски престанува, а целиот материјал што сте го преземале и отпечатиле од веб-локацијата морате веднаш да го уништите.

2.3 Според клаузулата 2.1, забрането е репродуцирање или чување на било каков материјал од веб-локацијата на било која друга веб-локација, како и вклучување во било кој јавен или приватен електронски систем или сервис за чување информации без претходна писмена дозвола од компанијата.

2.4 Ние ги задржуваме сите права што не се изречно наведени во овие услови

2.5 Веб-локацијата не смее да се користи во било кои други комерцијални цели, освен оние што се посебно поддржани или одобрени од компанијата. Компанијата ќе преземе соодветни правни постапки во случај на било какво незаконско или недозволено користење на веб-локацијата.

3. ПРИВАТНОСТ И РЕГИСТРАЦИЈА

 

3.1 Во случај на користење на Вашите лични податоци, компанијата се води од својата ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ што може да ја погледнете долу на почетната страница на веб-локацијата. *ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ* – таа ги опфаќа Вашите права и нашите обврски поврзани со Вашите лични податоци, вклучително и она што компанијата може да го направи во врска со нив и кому може да ги даде во одредени ситуации.

3.2 Исто така, компанијата (во согласност со својата политика за приватност) ќе соработува со извршната власт и со релевантните институции во врска со било каква истрага или прекршок на мрежната безбедност и го задржува правото да открие било кои информации (вклучително и лични податоци) што потекнуваат од Вас, доколку законот го наложува тоа или од убедување во добра верба дека непочитувањето на законското барање на извршната, законодавна власт може да му наштети на спречувањето или на откривањето на криминални дела или за лишувањето од слобода или откривањето престапник.

3.3 Секоја регистрација (на производите Samsung или на Вашата желба компанијата Samsung да Ве контактира или не) остварени по пат на веб-локацијата се однесува само на еден корисник. Кога ќе Ви се доделат корисничко име и лозинка, компанијата не Ви дозволува да ги споделувате со било кое друго лице, ниту со повеќе корисници на мрежата. Вие преземате одговорност за безбедноста на секоја доделена лозинка.

4. ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

 

4.1 Освен информациите што може да го идентификуваат корисникот, а кои се покриени со нашата политика за приватност, целиот материјал што ќе го пренесете или објавите на веб-локацијата ќе се смета за недоверлив и незаштитен. Компанијата нема да има обврски во врска со таквиот материјал. Компанијата и нејзините претставници ќе имаат право да го копираат, обелоденуваат, дистрибуираат, спојуваат и на друг начин да ги користат таквиот материјал и сите податоци, слики, звуци, текст и други работи што се опфатени со него, за било кои и, за сите комерцијални и некомерцијални цели.

4.2 Забрането Ви е да објавувате и да пренесувате на веб-локацијата и од неа, секаков материјал

(а) што е заканувачки, клеветнички, експлицитен, непристоен, поткопувачки, навредлив, порнографски, злоставувачки, што може да поттикне расна омраза, дискриминирачки, заканувачки, скандалозен, предизвикувачки, богохулен, што ја повредува довербата, ја повредува приватноста и може да предизвика вознемирување или непријатност;

(б) за кој ги немате сите неопходни дозволи и/или одобренија;

(в) што претставува или поттикнува на однесување што се смета за кривично дело, кое води до граѓанска одговорност или на друг начин е против законот или ги нарушува правата на било која трета страна во било која земја во светот;

(г) што е технички штетен (вклучително, без ограничување, компјутерски вируси, логички бомби, тројанци, црви, штетни компоненти, оштетени податоци или друг штетен софтвер и податоци).

4.3 Не смеете да ја злоупотребувате веб-локацијата (вклучително, без ограничување, преку хакирање).

4.4 Компанијата целосно ќе соработува со секоја институција на извршната власт, односно ќе го почитува судскиот налог со кој се бара од компанијата или ја упатува да го открие идентитетот или локацијата на лице што објавува материјал со кој се кршат клаузулите 4.2 или 4.3.5. ВРСКИ

5. ВРСКИ

 

5.1 Врските објавени на Веб-локацијата што водат до веб-локации на трети страни се достапни само за Ваше користење. Ако ги употребите овие врски, ќе ја напуштите веб-локацијата (поврзаните локации, главно, се отвораат во нов прозорец, а веб-локацијата останува отворена). Компанијата не ги прегледала сите наведени веб-локации на трети страни, не ги контролира ниту е одговорна за нив, нивната содржина и достапност. Со тоа, компанија не поддржува ниту создава претстави за нив, како ни за материјалот што таму се наоѓа, ниту за резултатите до кои може да се дојде со нивно користење. Ако одлучите да пристапите до било која веб-локација на трети страни што се поврзани со веб-локацијата, тоа  го правите целосно на сопствен ризик.

5.2 Не смеете да креирате врски до веб-локацијата без претходна писмена согласност од компанијата, која ќе биде дадена само под услов да се задоволени одредени критериуми.

5.3 Во случај на губење или оштетување нанесено на компанијата или на која било нејзина група компании поради кршење на клаузулата 5.2., целосно ќе ја обештетите компанијата.

6. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ И ОДГОВОРНОСТ

 

6.1 Компанијата не гарантира ниту создава претстава дека Вашето користење на веб-локацијата ќе биде непрекинато ниту, пак, без грешки. Иако компанијата вложува напор да овозможи веб-локацијата да биде стандардно достапна 24 часа на ден, компанијата нема да биде одговорна за било каква причина поради која веб- локацијата не е достапна во било кој момент или во било кој временски период. Пристапот до веб-локацијата може да биде привремено запрен без претходно известување во случај на дефект на системот, одржување или поправање, како и во случај на причини над кои компанијата нема контрола.

6.2 Изречно се согласувате дека  ќе ја користите веб-локацијата на сопствен ризик, како и во случај на неможност за пристап. Материјалот на веб-локацијата се доставува во прегледна состојба, без услови, гаранции или други услови од било каков вид. Соодветно на тоа, во најголема мера што ја овозможува законот, компанијата Ви ја овозможува веб-локацијата врз основа на фактот дека компанијата ги исклучува сите претставувања, услови и други одредби и изречно негира секаква гаранција од било каков вид, било да е изречна или имплицитна, вклучително и сите имплицитни гаранции за задоволителен квалитет, подобност за одредена цел, соодветност, одговорност, навременост, прецизност, целосност, безбедност, назив и оглушување, што освен за ова правно известување, може да влијае врз веб-локацијата.

6.3 Во ниту еден случај компанијата, било која друга страна (било да е вклучена во креирање, производство, одржување или овозможување на веб- локацијата или не), ниту било која од групните компании во сопственост на компанијата, нејзини директори, службеници, вработени, подружници, агенти или поддоговарачи, нема да имаат одговорност кон Вас или кон било која трета страна за која било директна, индиректна, случајна, казнена, посебна или консеквентна загуба или оштетување, вклучително без ограничување, секоја загуба на користење, добивка или податоци што настанала поради Вашето користење на веб-локацијата или поради било кое друго тврдење поврзано со било кој начин за Вашето користење на веб-локацијата, вклучително без ограничување, грешки или испуштање на која било содржина или која било загуба или оштетување што настанала поради употреба или неможност за употреба на содржина што е објавена, пренесена или на друг начин направена достапна преку веб-локацијата или поради однесување на кој било корисник на веб-локацијата, било на мрежата или надвор од неа, бришење на Вашите податоци, информации или содржини што се наоѓаат на веб-локацијата, дури и ако е предупредено на нивна можност, било таквите загуби или оштетувања да потекнуваат од договорот, негрижата, вината или друго.

6.4 Компанијата не изјавува ниту гарантира дека на веб-локацијата нема да дојде до загуба, дефект, напад, вирус, пречки, хакирање или други напади на безбедноста и, компанијата негира секаква одговорност во врска со тоа. Ќе бидете одговорни за правење резервна копија на својот систем, ако поради користењето на материјалот на веб-локацијата дојде до потреба за сервисирање, поправање или исправање на опремата, софтверот или на податоците и ќе ги поднесете сите потребни трошоци.

6.5 Иако компанијата вложува напор да обезбеди исправност на информациите на веб-локацијата, таа не ги гарантира точноста и целосноста на материјалите на веб- локација. Компанијата може да го измени материјалот на веб-локацијата или опишаните производи и цени, во било кој момент, без претходно известување. Материјалот на веб-локацијата може да биде неажуриран, а компанијата не се обврзува дека ќе го ажурира таквиот материјал.

6.6 Ништо од овој договор нема да може да ја исклучи или ограничи одговорноста на компанијата во случај на смрт или телесна повреда до кои дошло поради негрижа, измама, погрешно претставување на основните факти или било која друга одговорност што можеби според актуелниот закон не може да се исклучи или ограничи. Ако не сте задоволни со било кој дел од веб-локацијата или со овој договор, единствен и исклучив правен лек е да престанете да ја користите веб- локацијата.

7. ОБЕСШТЕТУВАЊЕ

 

Со користењето на веб-локацијата се согласувате дека ќе ја обештетите компанијата и било која од групните компании што се во сопственост на компанијата, нејзините директори, службеници, вработени, подружници, агенти, поддоговарачи и издавачи на дозволи, како и дека нема да ги товарите во случај на било какви тврдења до кои е дојдено поради Вашето кршење на условите, Вашата употреба на веб-локацијата, било каква постапка преземена од страна на компанијата како дел од истрага за можното кршење на овој договор или поради утврдување или одлука дека дошло до кршење на овие услови.

8. ОПШТО

 

Овие услови се меѓу Вас и компанијата и се раководат со законите на Англија и Велс. Споровите, до кои може да се дојде во врска со ова правно известување, нема да бидат подложни на исклучителна јурисдикција на англиските судови.

Компанијата може да ја одложи примената на своите права според овие услови, а притоа да не ги изгуби.

Се согласувате дека компанијата може да ангажира поддоговарачи за извршување на секоја од своите обврски или може да го додели овој договор или било кои негови права или обврски, без притоа претходно да Ве извести.

Компанијата нема да има одговорност кон Вас во случај на било какво кршење .на овие услови до кое може да дојде поради околностите што компанијата не може да ги контролира.

Законот за договори (Права на трети страни) од 1999 година не се применува на договорот меѓу Вас и компанијата што е склучен под овие услови.

Овие услови ја претставуваат севкупната спогодба меѓу Вас и компанијата во врска со Вашето користење на веб-локацијата и ги заменува сите претходни договори што се однесуваат на веб-локацијата.

Ако било кој дел од овие услови се прогласи за законски неважечки или неприменлив, тогаш неважечката или неприменливата одредба ќе се смета за заменета со важечка, применлива одредба што најмногу одговара на намерата на првобитната одредба, а преостанатиот дел од овие услови ќе продолжи да важи.