HW-Q70T 3.1.2ch Soundbar звучници (2020)
key features
-
3D Audio codec поддршка
-
Q-Symphony
-
Вистински 3.1.2 звук
Совршен за QLED
Samsung Soundbar HW-Q70T (Проверете го локалниот код на моделот со локалниот ПМ.)
* Сликите се симулирани и служат само за илустрација. Спецификациите за изгледот, дизајнот и GUI (Графички кориснички интерфејс), кои не влијаат на перформансот на производот, подлежат на промени без известување.* Телевизорот се продава посебно.
Експерти за иновации во звукот
Samsung Audio Lab
Тестирано и приспособено во California Audio Lab, каде што нашите аудио инженери ги применуваат најнапредните акустични технологии и врвното компјутерско моделирање за да обезбедат совршено избалансиран звук што ја исполнува просторијата.
„Нашиот фокус започнува во увото на слушателот, а потоа се движи кон опкружувањето - конверторите (вуфери и високотонци), засилувачите на звук и процесорите за дигитален сигнал (DSP).“
Воздигнат звук од секоја насока
Истражи ги длабочините на звукот со Dolby Atmos и DTS: X. Тие ти овозможуваат да го слушнеш секој посебен звук додека лебди околу тебе, токму онака како што би го доживеал во реалниот живот.
Q Soundbar и телевизор, совршен спој
Q-SymphonyЗвучникот Soundbar Q70T се синхронизира со Samsung телевизорот и заедно создаваат богат звук. Го комбинира и подобрува звукот преку звучниците на soundbar-от, како и преку звучниците на телевизорот, овозможувајќи нова звучна димензија во која содржината ја доживуваш како никогаш претходно.
Ти овозможува да нурнеш во неверојатен звук
Вистински 3.1.2 звукПреку 3-те канали, 1 канал за нисокотонски звучник и 2 канали за движење на звукот нагоре, добиваш звук кој се движи и овозможува величествена забава. Совршен за твојот QLED телевизор. Биди едно со приказната додека звукот целосно те опкружува со помош на вистинскиот 3.1.2 ch звук преку Samsung Acoustic Beam.
Музиката оживува со твојот глас
Работи со
Не ти текнува на насловот на песната? Уживај во твојот Soundbar без допир со користење на говорната контрола Alexa. Побарај од Alexa да пушти музика така што ќе го кажеш насловот или неколку стихови од песната. Без оглед за каква музика си расположен, Alexa ќе ја најде.
* За оваа карактеристика потребен е уредот Amazon Echo. * Оваа услуга ја обезбедува Amazon и може да се раскине во секое време.* Некои карактеристики и функции овозможени од поврзаните уреди може да се ограничени или да не бидат поддржани за употреба.
Слушај подобро. Играј подобро
Game Mode Pro
Подготви се за моќно гејмерско искуство со нискотонските звучници кои го дополнуваат амбиентот и со звучниците кои го движат звукот нагоре и овозможуваат неверојатен surround звук. Soundbar-от автоматски се префрла на Режим за игри кога ќе се поврзе на твојот Samsung телевизор за да можеш да се фокусираш на играње, не на поставување.
* Само со компатибилни телевизори и конзоли за играње. (преку Xbox one, PS4, Nintendo Switch)* Конзолата за играње се продава посебно.* Компатибилните уреди може да се разликуваат.
Засилување на звучната поврзаност
HDMI eARC
Со HDMI eARC може да го слушнеш квалитетот на звук без никаква загуба на карактеристиките, дури и кога е поврзан со други уреди преку телевизорот, како што е ДВД-плеер или пак конзоли за играње.
Повеќе звук, без никакви жици
Подготвен за безжичен surround звук
Комплетот за безжичен surround звук, Wireless Surround Kit*, ти дозволува лесно да го прошириш твојот систем за surround звук без заплеткани жици**. Заедно со твојот Soundbar, можеш да креираш систем на канали за вистинско доживување на surround звук.
* Комплетот Samsung Wireless Rear Speaker се продава посебно. (Модел на додатокот: SWA-9000S). * Потребен е кабел за да функционира безжичниот модул, како и кабли за да се поврзат задните звучници.
Звук кој е добар исто како и сликата
Беспрекорно HDR 10+ искуство
Доживеј ја звучната сензација на HDR 10+ содржина, токму онака како што треба. Кога ќе ја поврзеш HDR 10+ содржината со soundbar-от преку други уреди, добиваш звук кој не ги губи карактеристиките и одговара на сликата преполна со детали.
* Приказ на слика со HDR 10+ квалитет е достапен со еквивалентен влез.* Компатибилноста со HDR содржина не е гарантирана.
Свет на звук каде контролираш со само еден далечински управувач
Еден далечински управувачНе ти требаат неколку далечински управувачи. Контролирај ги клучните функции на soundbar-звучникот, како вклучување, јачина на звук, па дури и звучни ефекти, со далечински управувач на Samsung телевизор — директно преку телевизорот.
* Функциите и дизајнот на далечинскиот управувач може да се разликуваат од прикажаниот и зависат од моделот на телевизор и регионот.* Компатибилен само со одредени телевизори на Samsung. Проверете ги спецификациите за Samsung телевизорот.Една апликација за да слушаш паметно
Апликација SmartThings
Подигни го поврзаниот живот на повисоко ниво. Апликацијата SmartThings ти овозможува да додадеш звучници во својата мрежа и ти дава поголема контрола над твојот звук низ целиот паметен дом.
* Секој уред мора да биде поврзан со Wi-Fi врска или друга безжична мрежа.* Мора да се преземе и инсталира апликацијата SmartThings.* За интероперабилност преку SmartThings, сите уреди треба да бидат регистрирани на една корисничка сметка на Samsung.* Достапните функции може да се разликуваат во зависност од регионот, добавувачот на услуги, мрежното опкружување или мобилниот уред и подлежат на промена без известување.
* Секој уред мора да биде поврзан со Wi-Fi врска или друга безжична мрежа.* Мора да се преземе и инсталира апликацијата SmartThings.* За интероперабилност преку SmartThings, сите уреди треба да бидат регистрирани на една корисничка сметка на Samsung.* Достапните функции може да се разликуваат во зависност од регионот, добавувачот на услуги, мрежното опкружување или мобилниот уред и подлежат на промена без известување.
Преземи ја апликацијата SmartThings
* Оваа функција е поддржана само на одредени мобилни уреди на Samsung.* Секој уред мора да е поврзан на Wi-Fi или друга безжична мрежа.
Спецификации
-
Општи карактеристики 330W
-
Број на канали 3.1.2
-
Бруто димензии (ШxВxД): Едно пакување 1162 x 465 x 272 mm
-
Бруто тежина (едно пакување) 12.2 kg
-
Потрошувачка на енергија при работа (главна) 28W
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
-
Connection Guide
- Верзија 1.0
- 10.93 MB
- 16/02/2021
КОРЕЈСКИ, АНГЛИСКИ, АРАПСКИ, БУГАРСКИ, КИНЕСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ПЕРСИСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, еврејски, УНГАРСКИ, индонезиски, ИТАЛИЈАНСКИ, казахстански, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (Бразил), РОМАНСКИ, РУСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ, ТАЈЛАНДСКИ, ТУРСКИ, УКРАИНСКИ, виетнамски -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.0
- 99.31 MB
- 18/06/2020
АНГЛИСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ЕСТОНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, ПОЛСКИ, РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети