SmartThings. Истражете ја апликацијата

Направете го домот полесен и попаметен со SmartThings.

Совети за подобрување на секој ден

Увиди во домот ви дава препораки, ги следи вашите ставки и управува со уредите 24/7.1,2

Поврзувајте се лесно

Пред фрижидерот, раката држи паметен телефон Galaxy на кој се прикажува апликацијата SmartThings со картичка што сугерира спарување со фрижидерот. Корисничкиот интерфејс на апликацијата е видлив и во фрижидерот. Пред фрижидерот, раката држи паметен телефон Galaxy на кој се прикажува апликацијата SmartThings со картичка што сугерира спарување со фрижидерот. Корисничкиот интерфејс на апликацијата е видлив и во фрижидерот.

1. Поврзувајте се без проблеми

Како што се приближувате до некој производ, се појавува скокачки прозорец, што ја прави регистрацијата едноставна.3

Паметниот телефон Galaxy го прикажува корисничкиот интерфејс на апликацијата SmartThings сугерирајќи скенирање на QR-кодот. Паметниот телефон Galaxy го прикажува корисничкиот интерфејс на апликацијата SmartThings сугерирајќи скенирање на QR-кодот.

2. Поканете ги семејството и пријателите уште сега

Едноставно скенирајте го QR за да се придружите на SmartThings.

Рака држи мобилен телефон Galaxy пред телевизор. И паметниот телефон и телевизорот го прикажуваат истиот 3D Map View од апликацијата SmartThings. Рака држи мобилен телефон Galaxy пред телевизор. И паметниот телефон и телевизорот го прикажуваат истиот 3D Map View од апликацијата SmartThings.

3. Управувајте со домот во 3D

Гледајте го и контролирајте го домот во 3D од каде било.4

Рака држи мобилен телефон Galaxy пред телевизор. Паметниот телефон го прикажува интерфејсот на далечинскиот управувач на апликацијата SmartThings, додека ТВ-екранот прикажува плочки со слики со различни опции за содржина. Рака држи мобилен телефон Galaxy пред телевизор. Паметниот телефон го прикажува интерфејсот на далечинскиот управувач на апликацијата SmartThings, додека ТВ-екранот прикажува плочки со слики со различни опции за содржина.

4. Контролирајте го без напор

Доближете се до уред на SmartThings. Погледнете го скокачкиот прозорец за Брз далечински управувач за да ви овозможи да ја преземете контролата.5,6,7

Поедноставете си ги секојдневните задачи

Поставете нови рутини

SmartThings ќе предложи нови рутини врз основа на уредите што веќе ги поседувате.9

Споделувајте корисни рутини

Не оставјате ги гостите да си нагаѓаат. Споделете ги дневните рутини со нив со еден допир.10

Поврзувајте се повеќе од кога било претходно

Вграден SmartThings Hub

Не ви е потребен посебен централен уред. Започнете го вашето искуство со паметниот дом непречено со производите на Samsung.11

Приватност. Заштитена.

Вашите податоци се безбедни и сигурни со Knox.

Добијте инспирација од SmartThings

* За да користите SmartThings, преземете ја апликацијата од Galaxy Store, Google Play Store или Apple App Store. Апликацијата SmartThings бара Android OS 10↑ со минимум простор од 3GB RAM или iOS 15↑. Поддржаните спецификации за OS и конфигурацијата на екранот на апликацијата може да се променат со ажурирањата на апликацијата.

* Достапната технологија, функциите, карактеристиките и услугите може да се разликуваат во зависност од земјата, давателот на услугата, мрежната средина или производот и може да се променат без претходна најава. 

* Сите уреди мора да се поврзани на Wi-Fi или друга безжична мрежа и регистрирани со иста Samsung Account. 

* Функциите и спецификациите на SmartThings може да се разликуваат во зависност од производот и регионот/земјата.

* Сликите и содржините на екранот се симулирани за илустративни цели. Фактичкиот кориснички интерфејс може да се разликува во зависност од верзијата на софтвер, модел, регион и другo.

* Максималниот број на уреди што може да се поврзат со SmartThings е 300 по локација. Сепак, максималниот број уреди што може да се поврзат може да биде ограничен во зависност од мрежната средина на корисникот. Може да се користат до 10 локации по сметка, до 20 соби по локација и до 20 членови може да бидат поканети по сметка од администраторот што ја регистрирал локацијата.

1. Некои функции на „Увиди во домот“ моментално се достапни само во Кореја и САД.

2. Функцијата за предлози заснована на присуство на „Увиди за домот“ се заснова на собраните податоци на моделот со AI од уредите и сензорите за да се утврди дали сте присутни или отсутни. Оваа функција може да обезбеди неточен резултат и може да се разликува во зависност од моделот, уредите и верзиите.

3. Работи на паметни телефони Samsung Galaxy кога се извршува почетниот екран или апликацијатаSmartThings и на други паметни телефони со Android/iOS кога се извршува апликацијата SmartThings.

4. Достапно на уреди со Android и iOS. Потребни се врска со Wi-Fi и Samsung Account.

5. Достапно на уреди со Android и iOS, но паметните телефони Samsung Galaxy обезбедуваат најдобро искуство. Оваа функција може да биде поддржана на различни начини на други паметни телефони.

6. Единствените поддржани уреди се одредени модели на телевизори произведени во 2020 година или подоцна и одредени модели на климатизери, прочистувачи на воздух и робот-правосмукалки произведени во 2024 година или подоцна.

7. Времето за автоматско активирање се разликува во зависност од корисничката средина. Фактичкиот кориснички интерфејс (UI) на Брзиот далечински управувач може да се разликува во зависност од регионот, моделот и верзијата на софтверот.

8. Потребно е поставување на рутина однапред и компатибилните уреди треба да се регистрирани на апликацијата SmartThings со истата Samsung Account.

9. Компатибилните уреди треба да се регистрирани на апликацијата SmartThings со истата Samsung Account.

10. Ако споделената рутина содржи уред што примачот го нема, тогаш тој ќе покаже „Нема поддржани уреди“, но тој сепак може да ја зачува и уредува рутината.

11. Уредите со вграденSmartThings Hub вклучуваат: Телевизори Samsung TV (модели пуштени во продажба по 2022 г.: QN900*/ QN800*/ QN700*/ QN95*/ S95*/ QN90*/ QN85*/ Q80*/ Q70*/ Q60*/ *U8/ The Serif / The Frame / The Sero), паметни монитори (модели M50* или понова верзија за модели пуштени во продажба по 2022 г.), звучници (HW-Q990* и HW-LS60* за модели пуштени во продажба по 2022 г.), фрижидери Family Hub (САД по 2017 г. и корејските модели пуштени во продажба, со исклучок на RH9000), станици SmartThings и уреди SmartThings Hub v2/v3. За уредите од 2022 г. и претходни модели, потребен е посебен додаток наречен SmartThings Dongle за поврзување на уредите Thread и Zigbee. Повеќето модели после 2023 г. имаат вграден SmartThings Dongle, па не е потребен посебен додаток. Проверете ги деталните информации за секој производ. 

12. Сертифицирано поврзување и компатибилност со програмата „Works with SmartThings“ на Samsung.

13. Потребен е SmartThings Hub за одредени уреди.

14. Matter е отворен стандард за поврзување за уреди за паметен дом и IoT (Интернет на нештата), којшто е дизајниран да ја подобри интероперабилноста и компатибилноста меѓу уредите од стотици производители на уреди, вклучително и Amazon, Apple, Google и Samsung Electronics.

15. HCA: Home Connectivity Alliance е глобално здружение коешто создава заеднички стандарди за брендовите на паметни куќни апарати, што го олеснува нивното поврзување со SmartThings и создавањето паметен домашен екосистем. Негови членови се 15 глобални компании за апарати за домаќинство, како што се Samsung Electronics, GE Appliances, Haier, Electrolux и LG Electronics.

16. Поддржаните производи и функции може да се разликуваат според брендот и ќе продолжат да се прошируваат. За детали, погледнете во делот „Известувања“ во апликацијата SmartThings.