Работни полиња

Работни полиња

Доведете ја
вашата кариера
до нови височини

Доведете ја вашата кариера до нови височини

Samsung Electronics има над 200 локации во над 70 земји и, во секое работно поле, имаме луѓе кои извршуваат иновативна работа што придонесува за донесување нови производи и решенија во светот кои секојдневно ги користат милиони луѓе.

Продажба и маркетинг

Samsung е ценет бренд во целиот свет и лидер на пазарот во бројни категории производи, вклучувајќи паметни телефони, телевизори и полуспроводници. Во нашите тимови за продажба и маркетинг има можности и во B2C и во B2B за доближување на производите и искуствата на Samsung до уште повеќе луѓе ширум светот.

Истражување и развој

Истражување и развој е во сржта на нашиот идентитет како компанија и ние постојано инвестираме во истражување и развој на нови технологии, повеќе од кој било друг во индустријата. Без разлика дали сте инженер за хардвер или развивач на софтвер (или комбинација од двете), има можности во Samsung за работа на нови уреди и решенија што ќе бидат дел од нови иновативни производи.

Дизајн

Луѓето не се исти, па така и ние немаме ист пристап кон сите проблеми во дизајнот. Имаме дизајнери кои работат во сите региони во светот и кои ги комбинираат своите идеи со длабоко разбирање на единствените потреби на клиентите, со цел да создадат најдобри производи и решенија. Постојат возбудливи можности во Samsung да работите во различни области вклучувајќи дизајн на производи, UI/UX и графички дизајн.

Општо управување

Во голема компанија каква што е нашата, тимовите кои управуваат со ресурсите и кои го поддржуваат деловното работење се многу важни. Во улога во планирање, финансии, комуникации, човечки ресурси, корпоративна социјална одговорност, правна улога или набавки во
Samsung имате шанса да вршите влијателна работа на глобално ниво, која е клучна за идниот успех на компанијата.

Истражете ги возбудливите можности и аплицирајте сега за да ни се придружите.